My Writings. My Thoughts.

Хаити Сега!

// јануари 22nd, 2010 // 2 Comments » // хумор

Хаити Сега!

Unдtitled-1

Скоро невозможно е да се сконцентрираш на формата

Untдсitled-1

Тие тоа го заслужуваат

Untitlдфed-1

Тоа мора да боли!

Untitled-2

Кој пенис?

Untitlссed-3

Одвратна црна лебарка од третиот свет

Untitled-4

Стрип

// октомври 25th, 2009 // 8 Comments » // хумор

Мојот прв стрип обид, насловен како Camera not friendly guy :)

Тргнете ја камерата бе!!!

Читај понатаму

Швркната Наказа

Повторно Осамен

 

К-А-М-Е-Р-А-Т-А

Тргај ја…

И другата камера, подалеку од лицето

copyright nasty69

Револт

// октомври 21st, 2009 // No Comments » // општество

Не ми е јасно како е возможно, во оваа наша рунтава касаба, секој вид на јавно демонстрирање на револт и отпор кон државниот поредок, по дифолт да биде ушљакан со политички или етнички обоени етикети, секогаш исполитизиран, инструментализиран, или фингиран. Па добро бе да му се сневиди, дозволено ли е некаде во нашава резерват-држава политичка и субјективна слобода, постојат ли воопшто самосвесни, рационални и интелигентни битиа кои поседуваат критички ум способен за самостојно размислување и генерирање на слободни и независни мисли(ова посебно важи за студентаријата)? Партиски инструментализираните медиумски гласила и некои индивидуални “елементарни непогоди” што не етикетираат, како вакви или онакви, со еден збор неподобни, всушност бараат од нас послушност, а послушноста сама по себе ја инхибира или сведува на минимум потребата да се мисли. А доколку јавното мислење се пригуши и народот престане да размислува со своја глава, нормално контролиран од државата преку стравот, и така се претвори во една лоботомирана марионета, безпоговорно препуштена на едноумието и безличната пропаганда за национален фанатизам, ширена од страна на забеганите ни, и до зла бога наакани властодршци, тогаш сосема изгледно е дека, тоталитаризмот, веќе ни влегол во предворјето.

И еве сеа ќе излезам надвор, и гневно ќе кажам на цел глас, дека сум напизден од сево ова деградирање на оштеството и теророт што се врши врз обичниот човек, да ти се плукнам у селендрата од водачи(студентски), алчност, примитивизам, профитерство, корупција, опортунизанм, тоа ви е единствената идеологија која ја познавате и единствената религија на која и се клањате, да ти ебам еродираните, неспособни, некомпетентни, и импотентни институции заглибени у изметот на бирократизмот, да ти се серам у политичко-мафијашко-олигархистичките групации, на кои крволочниот монетарно-капиталистички систем им дозволи до таа мера да се зајакнат и мутираат во неуништливи паразито-феудалци, што сега можат непречено да си уништуваат и потчинуваат се’ пред себе, во бескрупулозната борба за проширување на својот феуд и моќта.

И плус, планирам да си опнам една колоритна маичка. Од предната страна ќе го испринтан ликот на Anton LaVey, а на грбот Бранко онака озарен, а испод него со големи флуоресцентни букви ќе биде испишано СОРОС е ЦАР и I LOVE GREECE, на рамо може да си истетовирам некоја свастика. Крајно испомешани работи што немаат благе везе со моите лични убедувања и светогледи, али ете ќе им дадам повод, на безглавата патриотска малограѓанштина, да искине гласни жици дека ете таму некоја сдсмовско-комуњарско-гркоманскa и соросоидно-нарко-анархо-фашизоидно-сатанистичка секта се собрала и поганела против државата и безгрешните сили кои така деликатно се обидуват да го одржат патриотскиот еквилибриум во неа. За после на ТВ да дадат прилог како некоја девијатна будала, се глупирала низ градов, ширејќи социјално неприфатливи гадости, со слики и тетоважи на некои од најомразените ликови и појави во државата.

Содома и Гомора

// октомври 16th, 2009 // No Comments » // религија

Во дамнешни времиња, некаде околу територијата на Мртвото Море, си постоеле две шик местенца со име Содома и Гомора, пандани на денешниот Лас Вегас. Преданијата велат дека таму, главниот двигател во животот на локалните мештани им била забавата, неконвенционалниот секс, психотропните сусптанци, целодневното опивање, односно ексцесивниот хедонизам и постоело само едно правило “ Што и да се случи во Содома и Гомора останува во Содома и Гомора”. Значи, овие слободоумни, ексцентрични визионери, гаеле изразито субверзивни перспективи за животот, кои што имале тенденција да ги уриваат укочените и арбитрарно импонирани стереотипи и морални начела од страна на богот Јахве, преку максимално и недвосмислено ползување на мноштвото вариетети на овоземни сладострастија.

Овој начин на моделирање и владеење со растегливата вештина наречена морал, бил прифатен и практикуван од сите, освен од еден намќорест, но послушен и поддан Богомолец наречен Лот, на кого оргазмичната џева му ја попречувала поладневната дремка, и истовремено го ставала во опасност воспитувањето, на неговите две малолетни ќерки. Па така, еден ден, на Богомолецот му пукнал филмот, и целиот напизден, со накострешена шишка и клевета на умот, главеечки јурнал низ вратата од својот дом и се упатил некаде, на некое рандеву со богот Јахве. Кога пристигнал таму, Богомолецот, со насолзени очи почнал да рецитира трогателна приказна за која најдобро сведочеле неговите подочњаци, и ги обвинил блудниците од Содома и Гомора за ерес, како и за нарушување на јавниот ред и мир. Јахве сочуствувал со ненаспаниот човек, и пратил два негови “bottom bitch” ангели во извидници. Ангелите со денови биле натрескани, трипале, пиеле висококвалитетно вино, жестоко се копулирале и оргирале, па откако се отрезниле, и го доставиле извештајот за лудиот провод до Јахве, овој полудел од љубомора, и го иницирал својот мортал комбат мод, скоро апгрејдуван со ново и уште по засштрашувачко фаталити, и со епска деструктивност успеал да ги пепелоса сите, освен добриот кодош Лот, жена му и двете ќерки. Како и да е, жена му не доживеала во иста телесна конзистенција, да ја почувствува целосната полнота на божјата “милозлива добрина” и набргу била разнесена на ситни парчиња, поради тоа што некоја фрактална структура на фотон, од боженствениот огномет се прилепила за нејзиниот вид, што дополнително го напенисило, и онака нервозниот Бог.

После бомбастичниот настан, Богомолецот Лот, сега ужалостен вдовец, со неговите две ќерки, се сместил да живее во некоја зафрлена пештера, далеку од спомените, втемелени во прашината што останала од градовите на гревот, Содома и Гомора. Но, овој убитачно-јебитачен кластерфак, не застанува тука, туку продолжува и се продлабочува, со настаните кои следат постфестум, во пештерата. Имено, девојките отсечени од било какви машки сексуални намери, своите ориентации ги насочиле кон својот сопствен татко(или таткото во недостиг на мастурбација со женско тело се ориентирал кон дефлорација и обесчестување на сопствените ќерки), и така тие заедно отпочнале серија од инцестоидно-спермести баханалии, кои подоцна вродиле со растечки тандем плодови, во утробата на ќерките, сега идни мајки. Јахве почнал да ракоплеска, од целото тоа гревовно упориште на безбожништвото, развратот и блудот, на крајот сепак се изродила нова искра на надеж, пример кој понатаму треба да ни го осветлува патот кон вистинските вредности, љубовта, традицијата, семејството, доброто, моралното, чедното, кон Бога. И така, сите си продолжиле да си живеат среќно, весело и морално исполнето, со благословот од Богот Јахве, додека едноставно не престанале да си живеат.

Прекрасна, морално вдахновувачка приказна, која на еден доста концизен и илустративен начин, меѓу другите сакрални работи, ни го доловува и суштинското значење на божјата заповед “Љуби го ближниот свој”, извадена од омиленото бајковидно дело на подвидот хомо-сапиенс-ретардус.

Крстот

// јуни 12th, 2009 // No Comments » // религија

Никогаш не разбрав од каде доаѓа целото тоа нерационално суеверие и фетиш околу геометриската фигура, крст.Симбол со крваво минато, кој до ден денес причинува епилептични занеси и манијакални обожувања ширум христијанскиот свет, небаре се работи за некој талисман со мистични моќи, директно пратен од божеснтвената lucky charm кутија(Враќање низ времето: Крстот, кошмарна направа која пред 2000 години ја смрзнувала крвта во жилите на луѓето од страв, симболизирајќи терор и ужас, најверојатно затоа што служела за свирепо казнување и тортура на инакумислениците и престапниците).Сите знаеме за трагедијата на Исус, основоположникот на христијанството, еден од најистакнатите светски мудреци, алтруисти и сколари, кој ја имал таа несреќа да биде злобно наклеветен од некои одвратници за ширење на ерес, поради што неправедно завршил на распетие, окован за таа смртоносна направа Крст.После неколку излудувачко болни денови, Исус умира, во најгорчливи маки и страдања, секојдневно бидувајќи боден со копје в градите.Па добро како оваа монструзна направа на смртта, оддеднаш стана чувар на целата вселена, красота на црквата, поткрепа на верните, слава на ангелите, рана на демоните.Мене ми изгледа дека "благодатниот" крст не претставува само рана на демоните, туку крваво погубилиште и на светците.Крстот го означувал помирението со Бог, какво ли само помирение нуди направата за мачење на која неговиот син урликаше во најсудни маки и на која брутално му згасна животот, уствари како семоќен и сезнаен, тој сам си ја прати својата емоционална еманација Исус, во самоубоствено распнувачка мисија на садомазо фетиш објектот крст.Така испаѓа кога ќе се земе в предвид дека Бог се’ знае и унапред испланирал за цела вечност, само што седењето омнипотентен по цел ден, изгледа создава некои пориви за садомазохистички авантури.

Се прашувам дали некогаш повторно би ни паднало на памет да искачиме на обожувачки пиедестал некој предмет или геометриска форма, која при самата помисла ни буди траорни сеќавање, сурија од морници, болни офкања и по некоја солза тажалка и истата да ја глорифицираме како света?!?!?!

Доколку утре некој ви пријде и ви понуди еден безмалку чуден предлог за миропомазание и утешение, како знак на вечна љубов, верност и почит, да обесите околу вратот бураго минијатурна играчка модел волсваген туарег или пластично летало марка кингер, плус некако успее да ви протне некоја систематизирана догматика на пример да практикувате извик вввврррррммммм, притоа пет пати бацувајќи ја шофершајбната, дали вилицата на тоа лице би останала во истата местоположба после овие зборови?!?!?!?

Педеро браковска контроверзија

// јуни 4th, 2009 // No Comments » // општество

Набљудувајќи ги работите од еден неутрален, рационален и легалистички агол на размислување, ме интересира кои се легалните оправдувања против озаконувањето на геј кохабитацијата и нејзиното одобрување во сферата на граѓанската привилегија, како формализирана врска (брак), или таа институција е веќе егзактно дефинирана со некој законски речник?.Ако не е, тогаш на кој начин ќе се брани случајот пред органите на правичноста, кога ќе дојде судниот ден, а рочиштето, се’ повеќе се наѕира, со секој чекор што го правиме, искачувајќи се по планината, на патот кон демократијата, либерализацијата, модернизацијата, европеизацијата и сличните аспирации кои, во себе кријат субверзивни стапици.

Заинтригиран сум, како би изгледала аргументираната конструкцијата на дефанзивниот механизам, презентиран од анти геј-брак адвокатите во една конституционална битка?!

Дали можеби оваа театарска фикција е блиску до горливиот судски процес кој, во некои земји веќе се случил, во други тековно се случува, а кај нас би можел да се одигра веќе утре, во правливите судници на врховниот суд?!

Чесен секуларен легалистички суде,…..аааа……..аммм,…хммм….(тишина)…,,,,,….по што адвокатот неочекувано пламнува од лутина, бес и огорченост, небаре два кура се допираат врз неговата ужина и документите.

Чесен секуларен легалистички суде,

-Геј брак епидемијата, која завзема се’ поголем замав ширум демократскиот свет е јасен егземплар за едно грозно разобличување на општествените и морални вредности, кои човекот од Адам и Ева, до ден денес макотрпно ги градел и сеуште гради.Самата помисла насочена кон таквите социјално неприфатливи и недостоинствени за маж/жена претензии, во најмала рака го вадат од такт секој морално балансиран човек и искрен следбеник на библиското учење.Бракот помеѓу две хомоеротично ориентирани индивидуи претставува неортодоксна и профанска институција, која го симболизира крахот на секоја морална и етичка совест.Па така, легализирањето на оваа налудничава перверзија е ништо помалку од шокантен преседан со колосални пропорции, кој неминовно ќе не’ шиканира сите, надвор од маргините на нормалноста, во хаосот на една брутално испревртена култура.

-Хомосексуалноста сама по себе е болест, противприордно отстапување од нормалниот сексуален нагон и репродуктивна побуда, најверојатно како последица на некое мозочно дивергирање или генска мутација.Во моментов немам да приложам никаков валиден доказ, базиран на дробно медицинско истражување и научно изваден заклучок, но од извори блиски на сопствената интуиција и моето маало, убеден сум дека оваа претпоставка е точна.

-Геј бракот се коси со рисјанскиот догматизам, односно се работи за развратно и изопачено полово сладостграстие поттикнато од зловесна интервенција, кое има за цел да ја осквернави исконската, традиционалната и конвенцианалната машко-женска љубов.

- Оваа девијантна појава претставува опасна закана за бракот како унитарна и света институција, благословена и заштитена од Бог.

- Традиционалниот брак помеѓу две хетеросексуални единки е камен темелникот на здравото општество, стабилната фамилија и секако правилните принципи на воспитување и култивација на јадри  млади деца кои подоцна ќе израснат во успешни и продуктивни возрасни индивидуи.

(Зарем ваквото излагање не е инициранио само и единствено од личните предрасуди на правникот, без никаква правна или логичка основа, законски безначајно морализирање, прејудицирање, шанкерски подјебавања, или пак навистина може да се земе в предвид како еден цврст легален аргумент пред судот?!.)

А сега на сцена настапува адвокатот кој ја репрезентира геј популацијата

Чесен секуларен легалистички суде,

До мене седат двајца високо образовани интелектуалци со префинети манири и метрополитски темперамент, честољубиви луѓе кои никогаш до сега не сториле никакво кривично дело, ниту сообраќаен прекршок, редовно си ги плаќаат даноците, вработени се, значи активно придонесуваат за развојот на државата и општеството.Зошто и тие да не бидат еднакво заштитени со законот?!

Обавезно клипот

Дрогата во воздухот (на Скопје), потврдена од еминентни јапонски експерти

// мај 18th, 2009 // No Comments » // хумор

Како можна причина и објаснување, зошто посетите на градовите Мадрид и Барселона, поттикнуваат интензивирани визуелни импресии кај туристите, и анксиозна побуда истите повторно да се доживуваат, научниците го посочуваат, рапидно зголемувачкото ниво на психотропни супстанци, со најразлична таксономска класифицираност,  кои успешно се конјугирале со тамошниот воздух. (линк)

Експертите за вдишување на халуциногени, од проминентниот институт  за истражување, синтетизирање и конзумација на наркотици под контролиран надзор, “Нинџи на Батерии” (コナミ株式会社) со седиште во Токио, денес беа почесни гости во Македонија.

Нашата долгогодишна новинарка и најистакнато “њушкало”, Билјана “Би” Сексулоска, уште од раните утрински часови, спретно завзема позиција на низок старт и со особен ентузијазам, прва истрча на терен и успеа да направи, дробно орално интервју со главниот истражувач и водач на проектот, професорот Итака Натака (ソリッド・スネーク), примариус доктор по хемија и хедонизам, кој специјално за А22Б телевизија, го кажа следново:

ИН: Прво, би сакал да истакнам, дека многу сум задоволен од возбудливата експедиција во Шпанија, каде јас и мојот стручен конзилиум од еминентни научници и мизантропи, во состав: др. Итака Мисекака (銀河 万丈) биохемичар и кокаинолог, др. мр. Најуже Вешмисуши (ナオミ・ハンター博士)нимфоманка и експертутка во областа на либидо-иритантните дроги, и Q-501-I роботски пес, мошне успешно го истестиравме револуционерниот метод за детектирање на наркотични средства во воздухот и документиравме алармантна количина на шмрк по глава на случаен минувач.Прецизноста на добиените сознанија, навистина не’ воодушеви, ова претставува едно неверојатно откритие во науката, кое ги продлабочи знаењата на човекот во областа на аеродрогите, а нам ни донесе светска слава и егзалтиран транс, која еве, сеуште трае.

ББС: Што ве натера да дојдете токму во Македонија?

ИН: Непосредно после посетата на Шпанија, тимот доби мистериозен повик, од човек кој кодирано ни се претстави како Тетовиран Исус.Типот звучеше прлично напнато и очјанички инсистираше да дојдеме и спроведеме истражување во Скопје, кое според него, претставувало бастион на широко достапни, наркотични агенси, кои лесно предизвикуваат адикција, а тој бил најмалку виновен за овој дрогирашки хаос, под блаженото сино небо, на неговата најсакана татковина.Па така, после неколку часа, поминати во вжештување на телефонската слушалица и трпење аудитивни дразби од неговиот напорен глас, се решивме да му ускочиме во нуждата, на овој страдалник, пошо и онака нашата работа изискува да бидеме во постојан контакт со дрогите.

ББС: Дали можете да ни одгатнете, дел од фактичкиот извештај кој го срочивте, преку исипитувањата на воздухот во Скопје и околијата?

ИН: Секако, секако, со задоволство би реферирал, на тоа прашање.Користејќи го најсовремениот и ултрасофистициран метод, популарно наречен “Снифање”( メタルギアソリッド), во кој се употребуваат филтери од кварцен микрофибер, софтвер способен да изврши комплексна математичка тригонометрија, како пресметка на синуси, и фоликули од издолжени назални структури, нашиот тим детектираше една панспермија, на цел диверзитет, неуро токсични дроги,  во воздухот ширум Скопје.Имено, утврдени подрачја, со најконцентрирана застапеност, на психостимулирачки дроги се, улицата Илинденска и булеварот Климент Охридски, а како најафектирана област, од улицата илинденска,маркирана е Це Ка, каде што воздухот е специфично збогатен и хармонично сврзан со честички на benzoylmethyl ecgonine(Кокаин) и Мескалин.

ББС: На што, попрецизно, алудирате со ова?!, дека луѓето кои поминуваат значително време на оваа локација, постои шанса тие да бидат издрогирани, непосредно по аерофилен пат?

ИН: Пааа…, најпоедноставено кажано, …ДА.., тие се наоѓаат под зашеметувачки опојно дејство, на мноштво дроги.- продолжи со објаснувањата проф. Натака-…Наркотичните агенси кои ги тракиравме, ни налагаат дека трипот на честите минувачи, во оваа високо ризична зона, е хипнагогичен, што значи дека видното поле најчесто е исполнето со кикотливи геометриски облици, како на пример, грандиозни  и монументални архитектонски зданија, весело разиграни насекаде по хоризонтот.И не само тоа, за очекување се и вивидни средби со митски суштества и историски знаменити личности, кои збунувачки бидуваат перцепирани како објект на первертирано роднинско возљубување и збратимување, исто така, можна е појава на нагли и возвишени афинитети кон мртвата природа, како татковината и слични на нив, состојби на хипоталамусот.Тука само би додал збор-два, за физичкиот ефект, односно карактеритичниот вкус на злато, кој верно ги придружува грлата и усните празнини на минувачите, низ текот на целото волшебно патување…

    …..(пауза за еден шмрк на свеж воздух)…..

ИН(продолжува): Улицата од каршија, е посебна приказна, таму аеродрогата ја има во такво изобилие и густина, што партиклите стануваат видливи со голо око.Во воздухот, надолж булеварот Климент Охридски, докажано е дека струјат, бескрајни бранови од моќниот поток, на изразито потентните халуциногени, лисергинската киселина и амфетамин, чиј дензитет е измерен и етикетиран како шокантно висок кај масивната реклама на Ти Хоум.Луѓето кои подолго време ќе постојат или поседат околу оваа траекторија, доживуваат проширување на крвните садови и неколкукратна амплификација на сензорните активности, при што субјектите можат да навлезат во тн. марвелозна еуфорија***, и себеси да се почувствуваат како супермоќен ентитет, кој може да лета, биде невидлив, чита мисли, поседува неумолива физичка сила, итн.Поради инхибицијата на транспортот на глукоза до мозокот, рационалното размилување е значајно редуцирано, а во најголем број на случаи и стопирано.Ваквите форми на наркотична психоза, проследена со налудничаво  однесување се регистрирани кај сите уживатели на добриот фикс, во светски рамки. – со студиозна длабочина и концизност, професорот Натака ја заврши реченицата, а со тоа и интервјуто го приведе на едно мазно слетување.

Сеуште е неразјаснета енигма, од каде и како настанал широкиот асортиман на психоделични наркотици, во посочените, ризични местолокации и зошто тие сеуште не ставени под карантин?!

Ексклузивно за А22Б телевизија, подготвил со особен интерес и гастрономско уживаање, Билјана “Би” Сексулоска.

      *** Марвелозно – за етимологијата на зборот, посети ја страницата marvel.com

Стрипови #2

// април 24th, 2009 // No Comments » // хумор

A class hole?!

http://xkcd.com/

Fuck the exam!!!. (cyanide and happiness)

http://www.explosm.net/

Анимирана варијанта

автор: NonStampCollector

What would Jesus Not Do?!

I wanna keep my mysterious look

All about, free will.

You have a choice, son, but it has to be orange! pt.2, pt.3

Библиска Ентропија

// февруари 8th, 2009 // No Comments » // религија

Библијата набљудувана од една жабја перспектива со едно око замижено, навидум наликува на еден непресушен рајски вруток низ кој течат возвишено поетични мисли наменети да инспирираат и просветлуваат со добрина,  љубов, сакање на ближниот, посветеност, лојалност, праведност, искреност, хуманост, помагање на изнемоштените, благородност, сочувство кон оние кои страдаат, алтруизам и морал, вредности претставени лично од сепромислителот на добрина и убавина Бог.

Но тоа е само фасада, заблуда и илузија изведена од итри луѓе, кои навреме сфатиле дека мнозинството во светски рамки е сочинето од благоретардирана, проста, лековерна, очајна и измалтретирана маса на народ која е спремна да прифати било каква утеха за сопствената мизерија.Ако Библијата се погледне од едно критичко и пред се’ логичко становиште, сликата која ќе се оформи во секој здрав човечки ум на крајот од читањето несомнено би вклучила измешани чувства на: неподнослива досада, збунетост, скепса, навредена интелигенција, дојам дека попусто талкаш во некоја мрачна зона на инхибиција на разумот, потсмев, фрапираност од фондот на алогизми и бесмислици, огорченост, извесен страв и чувство на гадење од парализирачкиот отров фрлен во сферата на рационалното размислување.Причината за ваквите нагли и бесни дразнења на симпатикусот дефинитивно треба да се бара во методите на експресија и нарацијата, која наместо да не просветлува и егзалтира од задоволство, восхит и занес, изобилува со :

Контрадикторности и парадокси(Зошто диносаурусите се изоставени во креационистичката хронологија на Библијата?!), убиства, хомофобичност, љубомора, омраза, гнев, нетолерантност и закани (Сите луѓе се еднакви, ама  содомитите, проколнатите со вроден инвалидитет, погрешноверниците и оние кои разумно нема да се сложат со божјите улави ставови ќе го почувствуваат вкусот на господовиот одмаздоаубив карактер и ќе бидат стрпани во пеколот каде ќе горат на клада збрцана во нивниот профански анус) Тука се поставува прашањето дали Бог не создал нас за да ни се одмаздува, подметнува болка и страдања?!

Изливи на расизам, сексизам, лицемерие, силувања, неверство, вулгарни и морално расипани стории, мизогинија(Жените се дискредитирани и омаловажени, a опстојувањето на нивното битие на земјата е сведено на инкубатор за раѓање на деца, по некое библиско задоволство и општа желба машки, но и да не е така, девојчињата ќе бидат негувани и опсипани со љубов, топлина и грижа, затоа што роденото девојче значи потенцијално машко во иднина).

Корупција, изнудување, потклекнување пред авоторитети, злоба, подржување на геноцид и охрабрување на ропство (Робовите ќе треперат пред нозете на својот господар на истиот послушен, покорен и поддан начин како и пред ножниот палец на самиот Бог?!)Та нели и робовите беа создадени од истиот тој милозлив Бог, кој се залагаше за егалитарност меѓу луѓето?!).

Наметнување на слепа вера и негирање на најплеменитата дарба што човекот го прави човек, способноста за рационално размислување и логично перцепирање и толкување на нештата(Исус кажа: Нека бидат благословени оние кои не виделе, а веруваат?!). Епа сега верувајте дека после читањето на овој пасус имате банкнота од 1оо евра до вас, вие нема да ја видите, но сепак, благословени нека сте.

Ирационалности, опскурдности, даветини, сквернавења и ноторни лаги(Пресекување на морето на два дела, претварање на вода во вино, одење по вода, лекување на слепите, глувите и лепрозните, воскреснувања од мртвите)

Сексуална перверзија и инцест (Волшебникот ги создаде Адам и Ева, а со тоа ги постави никулците на фамилијарното генерациско инцестидно бембање, од кое подоцна ќе се продуцира парцијално ретардираниот монголоиден човек, vernik во целава бул шит приказна).

Библијата гледана низ историската призма

Со Библијата можеш да иницираш војна и крвопролевање меѓу луѓето, и истата војна да ја запечатиш со некој псалм за мир, љубов, грижа и емпатија.

Цитирајќи и интерпретирајќи извадоци од неа можеш максимално да се изглупираш и неповратно да си ја искомпромитираш сопствената интелигенција, и истовремено можеш да бидеш во улогата на манипулативен интригант кој ќе управува со недоеволуирани и плиткомозочни верници.

Држејќи ја Библијата в раце ти со сигурност знаеш дека пред тебе е доказот за постоењето на вистинската религија, на чело со вистинскиот и единствен Господ Бог, и чисто онака за мајтап, самоуверено можеш да ги исмеваш оние од муслиманска вероисповест за верување во лажната копија на автентичниот боженствен ентитет.

Уствари кога ќе нурнам подлабоко во мојата извитоперена фантазија Библијата и не ја перцепирам и согледувам како толку лошо и бескорисно парче фикциско ѓубре, посебно не онаа добро укоричената со тврд повез.Таквата може да се искористи за нанесување на лесни физички повреди при самоодбрана или евентуално при интенциозен напад, може да послужи и како матерјал за огрев, добро би дошла и при недостаток од тоалет папир.

Се прашувам зошто сезнајниот Бог во Библијата не ни ги споменал, а камоли одгатнал тајните на медицината, астрономијата, технологијата и инжинерството, односно есенцијата и највискоит дострел на нашето знаење и постоење.Дефакто со прогресот и развојот на науката и нејзините благодети, денеска човештвото е издигнато на една нагорна спирала, нашите хоризонти на знаења се значително проширени, нашиот животен век е продолжен, покомфорен, посигурен и ни е дадено повеќе време на располагање за едукација, докажување на креативниот ум, и комплетно уживање во убавините и племенитоста на реалниот свет.Зарем не ќе беше позначајно, попаметно и побоженствено доколку Бог за време на составувањето на светата книга на апсолутната вистина, попатно ни ги дошепнеше и овие “ситни” детаљи, така колку да ни се најдат.Наместо тоа, севишниот во екот на креативниот занес се решил за опсесивно и настојчиво диктирање на заповеди, казни, заплашувања, уценувања, стигматизирања, еготрипања и преокупацијата со крајно примитивни, апсурдни, тривијални и атавистички работи godwise and universewise на секоја ебена втора страна од Библијата, чудно?!Зар толку е низок титарот на акумулираното знаење на семудриот Господ, па нашиот живот во Библијата го свел само на покорност и негово обожување?!, шо пак коинцидира и неодоливо потсеќа на политиката на тогашните дијаболични владетели-тирани.Бедно, братковци, бедно!

THE CREED OF SCIENCE

By Robert G. Ingersoll

To love justice, to long for the right, to love mercy, to pity the suffering,
to assist the weak, to forget wrongs and remember benefits—to love
the truth, to be sincere, to utter honest words, to love liberty, to wage
relentless war against slavery in all its forms, to love wife and child and
friend, to make a happy home, to love the beautiful in art, in nature, to cultivate
the mind, to be familiar with the mighty thoughts that genius has
expressed, the noble deeds of all the world, to cultivate courage and cheerfulness,
to make others happy, to fill life with the splendor of generous
acts, the warmth of loving words, to discard error, to destroy prejudice, to
receive new truths with gladness, to cultivate hope, to see the calm beyond
the storm, the dawn beyond the night, to do the best that can be done and
then to be resigned—this is the religion of reason, the creed of science.
This satisfies the heart and brain.

Аниматорот

// јануари 25th, 2009 // No Comments » // хумор

Траги-комичната претстава :"Создавањето на човекот" во летачкиот куклен театар на севишниот аниматор.